Најдобрите македонски ракометни клубови, Еурофарм Пелистер и Вардар, во Битола приредија ракометен спектакл, а на крајот победата му припадна на домашниот Еурофарм Пелистер.

Со победата битолчани го презедоа лидерското место на табелата кое ги носи до шампионска титула по повеќе од една деценија. Пелистер сега има 36, додека Вардар 33 бодови.

Најдобри во домашниот тим беа голманот Лесјак и репрезентативецот Костески, додека кај гостите со својата бирбеност се истакна Стоилов.