ВМРО-ДПМНЕ е победник на локалните избори, затоа Шилегов навредува и губи контрола, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се наведуваат 10 причини зошто Шилегов треба да се срами:

1. Никој не знае каде потрошил 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа, кога ќе биде прашан го фаќа хистерија и навредува.

2. Оди на работа во 10 часот, ништо не работи.

3. Ништо од тоа што го вети не сработи, сега наоѓа изговори. Нема продолжување на булевар Илинден и тунел под Кале.

4. Нема почист воздух.

5. Сече дрва и уништува зеленило. Последен пример е сечењето на дрворедот на ул. Орце Николов.

6. Скопје врие од Диви депонии, не е решен проблемот со Вардариште.

7. Јавните претпријатија имаат 10 милиони евра долг.

8. Шилегов плати 900.000 евра повеќе за противпожарна скала која град Загреб ја набавил само за 800.000 евра.

9. Додека Шилегов ужива во викендицата во Маврово, Скопјани секое лето патат од наезда на комарци, затоа што не се прска на времено

10. Од недостаток на проекти, се фали и со чистење улици и собирање на смет, нешто што е редовна работа на јавните претпријатија.

Шилегов не знае кај тера. Шилегов губи. Време е за промени.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ