По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле, а инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура. Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина. Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран. Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово – бугарска граница, Штип – Радовиш, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Струмица – бугарска граница. Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница. Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации. 300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција. Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого, се вели во соопштението.