Ако тврдењето цна СДС дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година кога тој беше Директор на ЈСП, вистинското прашање е што правела СДС и ДУИ цели 7 години власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во тие 7 години беа политички апсени луѓе за криво ставен потпис, ако имало било што незаконски, сигурно Јанушев ќе одговарал десекратно за истото.

Вистината е дека СДС со лагите против Јанушев и Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР. СДС веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети без размислување.

Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика, за заштита на внучето на Ахмети. За илустрација, наспроти грлатите чаршав соопштенија на СДС, само 1 лојалист и 1 фракционер беа пријавени за збор на седницата за нови заменици министри.

За милиони евра што ги зема пиар куќата на Спасов која ги работи комуникациите на СДС, ова е тешка катастрофа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.