Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски изјави оти е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на СЈО.
-Јас сакам да бидам оптимист и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна. НО тие преговори, посебно од изготвување на тој закон, изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците, рече Мицкоски.
За предвремени избори, Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и оти понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан.