Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук профилот на партијата јавно му постави прашања на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за работењето на неговото адвокатско друштво. Објавата ви ја пренесуваме во целост.

-Цела недела помина откако јавно на ТВ го прашувавме Петре Шилегов за две работи:

1. Дали е подготвен да ги покаже приходите на неговото адвокатско друштво за 2019 година?
2. Дали е подготвен под полна морална и кривична одговорност да изјави дека ниту еден денар од градската каса, од буџет на Град Скопје не е префрлен на неговото адвокатско друштво?

Бидејќи Шилегов ја нема таа храброст, а јавноста ја заслужува вистината, од утре јавно ќе ги даваме одговорите, стои во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.