Скандалите од епски размери што ги прават СДСМ и ДУИ продолжуваат во АД ЕСМ!
Во последниот тендер за набавка на јаглен кој бил распишан во јули минатата година во вредност од 22 милиони евра, прашуваме од колкави размери е направен криминал во РЕК Битола?
И се функционира според нивната добро позната матрица. Прашуваме дали е точно дека деновиве за прикривање на овој криминален скандал се врши терор врз инженерскиот кадар во РЕК Битола и деградирање на пониски позиции? Гледајќи ги криминалите на власта, а загрижени за своите работни места, тие го известиле менаџерскиот тим и колегите! Но, наместо одговорна реакција, се жртва на казни и притисоци!
Како што предупредуваме подолг период за намерните хаварии и криминали во енергетскиот сектор, наместо јагленот кој се барал на тендерот, се носи висококалоричен битуменозен јаглен од Албанија кој предизвикал оштетувања во опремата на блоковите и чести застои во производството, особено затоа што термоцентралите во Битола и Кичево не се приспособени да користат ваков тип на гориво.
Најпроблематичен е јагленот што доаѓа од рудникот Селеница во Албанија.
Тој содржи битумен. Како дошло до тоа да се користи битуменозен јаглен кога и во тендерот строго било наведено дека се бара лигнит – не е познато и сето тоа надлежните институции имаат обврска пред граѓаните да го проверат.
На тендерот на ЕСМ од јули минатата година, увоз на јаглен вршеле три фирми, од кои една е албанска енергетска компанија наречена „Хај Тауерс“ и две се микрофирми од Скопје основани од ист човек, извесен А.И. (Аљибер Ибраими) од Мала Речица. Едната фирма, наречена „Куантум Солушнс“, ја формирал непосредно пред да се распише тендерот, а другата, „Енергија Икс“, по објавувањето на тендерот. Тендерите за неговите фирми со вкупна вредност од над девет милиони евра се всушност прва работа што односните фирми воопшто ја добиле. Не се знае како ја извршувале работата, кога ниту имале возен парк, ниту пак отворени канцеларии!
Иако ВМРО ДПМНЕ јавно ги бараше, ЕСМ не ги достави договорите на увид на јавноста.
Од овде јавно го повикуваме Јавното обвинителство, другите надлежни институции веднаш да реагираат и да ги преземат соодветните дејствија!
Одговорност за трошњето на народните пари е неизбежно, сите граници се поминати!!!, обвинуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола.
.