Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија.
Ова се истакнува во сооопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:
Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.
Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград.
Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра.
Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност.
Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ