Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана. Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки, стои во денешнотото соопштение од Центарот за инфомрации на ВМРО-ДПМНЕ.
„ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не не придвижуваат ни милиметар на патот кон истата. Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори. Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции. Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот. Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит“, се истакнува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ подвелекува дека „Заев ја разорува државата повеќе од една година, а откако тој е на власт државата оди назад“.
„Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина и се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе.Зоран Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните. Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници. ЕУ даде јасна порака. Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем. Република Македонија има потреба од реални мерки и проекти кои носат подобар живот, а не од штетни договори.
Зоран Заев е зло кое веќе премногу ги чини граѓаните и државата. Зоран Заев е зло кое ја уништува државата. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за Македонија да тргне напред. Македонија може и ќе победи“, се наведува во соопштението.