Криминално рекетарската влада на Зоран Заев ја води Македонија кон целосен економски колапс, а сите економски параметри укажуваат дека економијата тоне и дека СДСМ и Заев ја носат државата во бездна, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ:
– Погубните политики и расипништвото на власта ги потврди и Светска Банка во чиј извештај „Дуинг бизнис“, Македонија за само една година има пад од седум места. Извештајот докажува дека владата на СДСМ создава негативна клима за водење на бизнис. Светска Банка го потврди истото што пред неколку месеци го нотираа над 200 германски инвеститори во државава кои со нула ја оценија работата на владата во економијата. Тоа е така затоа што владата на Заев наместо да ги стимулира бизнисмените таа ги рекетира. Впрочем во тоа се увери целата јавност која знае дека лично Заев е главата на октоподот кој преку Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец, стои зад најголемиот скандал во поновата историја, случајот „Рекет“. Додека Заев го интересира колку ќе изрекетира од бизнисмените во државата и колку ќе ги прошири фамилијарните компании граѓаните гладуваат. Заради криминалот на Заев повеќе од 500.000 граѓани во Република Македонија се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.
Натаму во денешната реакција се додава:
– Граѓаните живеат во сиромаштија затоа што единствени проекти кои ги работи власта се како Заеви да ги зголемат бизнисите со марихуана и како функционерите до Заев ќе добијат некој нов тендер или грант, а се друго стагнира, не се работи на ниту еден развоен проект. Капиталните инвестиции кои можат да донесат некаков развој, се стопирани и тапкаат во место. СДСМ бележи најниска реализација на капитални инвестиции која за 9 месеци годинава изнесува мизерни 32,2 проценти од тоа што самите го планирале дека ќе го сработат. Вакви катастрофални резултати државата има во сите области. Здравството се распаѓа, земјоделието опустошено, а образованието е деградирано. Целата држава е уништена како резултат на криминалот, корупцијата и рекетот на Зоран Заев и СДСМ. Ужасот и бедата кои ги донесоа СДСМ и Зоран Заев завршуваат на 12 април, на предвремените парламентарни избори кога овие криминалци ќе бидат пратени на темната страна на политичката историја и ќе започне обновата на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.