Дали директорката на детската градинка Цветови и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце? Или политички се принудени да глумат како да не виделе ништо?, реагира ВМРО-ДПМНЕ по демантот од гевгелиската градинка на прес конференцијата на Петрова, тврдејлу дека детето се повредиуло во детска игра.
“Одговорност за брутално истепаното бебе мора да има. Одговорноста е кај Тренчевска која му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Гевгелија и и го продолжи мандатот на директорката Стефановска на која ова не и е прв случај на насилство.
Ги повикуваме Тренчевска и Стефановска уште еднаш да ги видат фотографиите пред следен пат да пуштаат соопштенија дека се работи за детска игра.
За овој случај мора да има одговорност и оставки, а не комисии од типот на комисиите на Филипче за Јилдиз, за Ковид трагедиите кои немаа никаква разрешница.
Немањето на одговорност и покрај тоа што признаваат дека се случил таков инцидент предизвикува во иднина да продолжат таквите инциденти и немили настани,“, реагираат од партијата.