Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално.
Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:
Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?
Дали има комуникација и средби помеѓу нив?
Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?
Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?
Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




