ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче, се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.
Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100-тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.
Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја.