За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое го објавуваме интегрално.
Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител.
А судската тога и наметка не ја прави добар судија, туку одлуките со кредибилитет кој Кацарска ги нема.
ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




