Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Груби лаже и затоа растура пердуви. Кога не би лажел требаше да одговори: Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право? Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени? Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните? Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?“