Единствен приоритет на СДСМ е нивно богатење. СДСМ откако е на власт на граѓаните донесе економска криза, сиромаштија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целото соопштение:

Зоран Заев додека ги полни неговите џебови, енормно се празнат џебовите на граѓаните.

Во ек на пандемија илјадници средни и мали претпријатија се затворија. Над 40.000 граѓани останаа без своето работно место. Над 40.000 семејства имаат по еден член невработен.

Извештајот на Светската банка прогнозираше дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција.

СДСМ ја зголеми сиромаштијата за дури 6%. Македонската економија се соочува со рецесија која не е видена од 2001 година.

СДСМ е единствената партија на власт во светот која се дрзна кога владее пандемија и економска криза да ги покачи даноците на граѓаните. СДСМ ја покачи сметката за струја за 7.4%.

Овие податоци се доказ дека мафијата на власт се бори само за зголемување на своите сметки и капитал, купувањето и градењето на хациенди.

СДСМ државата ја турна во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ