СДСМ е дувлото на криминалот и корупцијата, се вели во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од владејачкиот СДСМ.

Крајно иронично е да излезе Николовски и Заев да говорат дека ќе се справат со криминалот и корупцијата, а тие ја спроведуваат. СДСМ откако е на власт криминалот и корупцијата се навлезени во секоја пора во општеството. СДСМ сега помпезно најавува борба со криминал, а ништо не направи на тоа поле. Напротив криминалот и корупцијата со СДСМ на власт цветаат. Љупчо Николовски не може да води тело, министерство за борба со корупција бидејќи и тој е замешан во криминални афери. Љупчо Николовски прво да расчисти со непотизмот во сопствените редови па потоа помпезно нека најавува борба со криминал. Ако Николовски и СДСМ започнуваат со расчистување на криминалот и корупцијата нека започнат прво од себе и шефот Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.