Одродената и криминална власт на СДСМ е исплашена и мора да лаже бидејќи граѓаните ги препознаа нивните антидржавни политики, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал своите партиски војници упорно ги принудува да пишуваат соопштенија со цел да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев. Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на Вице и Кочо, се вели во реакцијата.
Натаму се додава дека Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина.
– Граѓаните на Република Македонија не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование. Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Заев е премиер, а СДСМ е на власт, се вели во соопштението.