Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија е загубена држава со Зоран Заев на власт. Зоран Заев и криминалната влада која ја води ја претворија државата во дувло на криминал и корупција. Наместо кривични постапки против функционерите во власта имаме амнестирања од страна на премиерот. Зоран Заев го амнестира Драги Рашковски. Заев не побара оставка од Рашковски, ниту пак повика на истрага. Зоран Заев го амнестираше и Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите со Грција ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство. Зоран Заев го амнестираше и Оливер Спасовски, кој преку оглас додели лиценци за спроведување на возачки испити на фирма на другар на Зоран Заев од Струмица. Зоран Заев го амнестираше и Јован Деспотовски преку кој беа доделени милиони на име грантови за иновации на блиски луѓе до СДСМ. Зоран Заев ги амнестираше и десетиците случаи на непотизам, на синови и ќерки на негови функционери вработени во јавната администрација, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека е „време граѓаните да си ја вратат државата, да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“.