Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот Андон Стојков, им дава лош пример на младите. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Дали за Филипче е нормална појава користењето на психотропни супстанци, бидејќи се почесто неговите партиски функционери се фатени со дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрога и криминалци и зошто постојано настојува да е опкружен со нив и на приватни настани и забави. Што прават младите на состаноците на партиските подмладоци на СДС низ Македонија и дали се безбедни? Каков пример им дава Филипче на младите во државата? Дали Филипче молчи затоа што можеби и тој има корист од наркотрговијата на Стојков, и поради тоа молчи и го штити Стојков? Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, партиските функционери на Филипче и Заев се опкружени со криминалци, бандити и наркодилери, посочуваат од владејачката партија.
„СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.