Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата.
Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.
Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата.
За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.
СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.
За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.
Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи.
Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.
За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




