Филипче прогнозираше 2000, а Македонија за жал ја надмина бројката од 7000 заболени. Тоа е резултат на неодговорноста и неспособноста на оваа власт на Заев. Филипче наместо да биде посветен на здравјето и животите на граѓаните се занимаваше со снимање спорови за СДСМ, одење по митинзи и држење политички говори.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба со коронавирусот.
– Во последното деноноќие во Македонија има пак трицифрена бројка на заболени луѓе од корона вирусот, односно новозаболени се 115 лица, а починати се 7. Со вие бројки и бројот на починати се искачи на 341. Македонија за жал е црн рекордер во регионот по број на заразени и починати на еден милион жители. Вирусот наречен Заев го разори системот и ја клекна на нозе државата. Затоа сме на ова дереџе на кое што сме. Заев овие три години беше посветен на создавање на криминални, корупциски и рекетарски шеми. Патем видовме сведоштво дека подземјето било ангажирано од страна на кланот Заеви за да се заканува, да пали возила и да рекетира од сите оние кои не припаѓаат на кланот Заеви. Јавноста веќе слушна дека сите изрекетирани пари во државата завршиле кај Вице и Зоран заеви. Тоа мора да престане. Изборите се шанса Заев да замине во црната историја на македонија. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!- се вели во соопштението.