Спасовски да каже зошто МВР молчи за кражбата на маслото од марихуана во Алдинци, и до каде е истрагата со кражбата на оружје од полицискиот магацин во Охрид, прашање од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Оливер Спасовски.

-Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР молчи. Дали се работи за организирана кражба која треба да помине незабележано или полицијата на Спасовски е целосна неспособна. Кога мафијата ја чувствува полицијата како своја, имаме кражби од милиони за кои никој не одговара. Спасовски уште не кажа како се случи кражбата на оружје од магацин на полицијата во Охрид и зошто уште не е фатен сторителот, ниту пак се знае кој е тој, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Спасовски е неспособен и криминоген. Во една недела се обиде да сокрие убиство, му ограбија полициска станица и украдено е масло од марихуана во вредност од 2 милиони евра за кое никој не знае каде е.