Случајот Рекет најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта. Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ реагира и на највата на СДСМ дека ќе формира нова влада:

– Со влада предводена од СДСМ Република Македонија не може да се движи во добра насока. Тоа го увидоа и граѓаните во овој нивен мандат. Единствено што успее владата на СДСМ да направи во овие три години е да го променат името на државата и да го понижат македонскиот народ. Кога станува збор за СДСМ не може да не се заборави и високото ниво на криминал, корупција кое се исполни благодарение на нив. Ветуваа изградба на нов Клинички Центар но не беа способни да го изградат и да им овозможат на граѓаните добро и квалитетно здравје. Поради нивната неспобност да се снајдат со пандемијата Република Македонија достигна до рекорден број на заразени лица од 10.000 и близу 500 починати. Ветуваа раст на плати, пензии но и тоа не го исполнија. Нема просечна плата од петстотини евра, нема плата за докторите од сто илјади денари. Ветуваа живот за сите, креирање работни места, раст на економијата од 4% годишно, но ништо од тоа не добија граѓаните. Живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Со СДСМ на власт Република Македонија само тоне. Граѓаните не го заслужуваат ова, тие заслужуваат многу повеќе, се вели во реакцијата.