Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека сè е во ред, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20 проценти при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражувања, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден“, се посочува во реакцијата.

Од опозициската партија предупредуваат дека, спротивно од Заев за кого, како што велат, сè е розово, гувернерката на НБРМ посочила на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50 отсто во малопродажба.

– Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој нè очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, во 2007 и 2008 година, успешно се справи со таква опасност кога цените насекаде во светот расте.