Министерот за здравство, Венко Филипче, излажа за лекот „ивермектин“, кој го нема во доволни количини, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Уште еден пропуст во низата на Венко Филипче во процесот на лекување на граѓаните од коронавирусот. Единствениот лек, влезен во светски протоколи дека помага во лекувањето на пацинетите, ‘ивермектин’, навидум е стигнат во државата, ама реално го нема.
Граѓаните цел ден трчаат кај матичните да им го препишат, а матичните велат немаат никакви насоки од Министертвото за здравство“, наведува опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека министерот Филипче требало да го набави лекот навреме, а неопходно е и навремено да им дал насоки на матичните и на специјалистите за издавање рецепти.

„Наместо следење на светските протоколи за лекување на коронаворусот, Филипче се држи до логиката што функционира во локален маркет или прв дојден, прв услужен. Филипче треба и мора да знае дека станува збор за здравје и живот на граѓаните. Затоа, треба да ги следи светстките протоколи за лекување на болните од Ковид-19“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.