Оставки на Заев, Филипче и Хасани, болницата е пуштена без дозвола за употреба.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, кое го објавуваме во целост:
Болницата во Тетово не смеела воопшто да биде пуштена во употреба, а не пак да се преполни со пациенти во тешка состојба.
Одговорност затоа што неисправен објект е пуштен во употреба треба да понесат не само директорите на болницата, туку и Хасани и Филипче и Заев. Филипче е и потписник на тендерот за изградба на модуларните болници.
Објектите на модуларните болници наместо со материјали кои имаат голема резистентност на оган се изградени со високо запаливи материјали кои видовме дека горат за неколку минути.
Доколку болницата била направена од материјали кои при изложување на оган не горат и до десетина минути сега немаше цела држава да биде завиена во црно.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ