Најновото соопштение на СДС е уште едно од многуте кои очигледно се напишани без фокус и концентрација. Ги повикуваме нашите колеги од СДС да се консолидираат и сериозно да размислат пред да преземат некакви чекори, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, која во продолжение ја објавуваме во целост.
Настапи како овој, полни со бесмислици и недоследности, само го потврдуваат фактот дека СДС е на пат да го надмине историски најнискиот број на гласови што ги освоија на последните избори.
СДС јавно да каже зошто се плаши од распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители? СДС ги саботира реформите затоа што се плаши од одговорност за криминалите на Зоран Заев, Венко Филипче и Ахмети.
Истите тие обвинители и судии кои беа слепи на сите тендери и криминали на овој гангстерски тандем кој овие институции ги доведе до доверба под 2 посто. Кацарска судството е заштитен знак на арамиите од СДС и ДУИ.
Со ваквите несериозни, необмислени и плитки соопштенија, само потврдува зошто пред 2 и пол месеца СДС претпре катастрофален пораз и е на пат да стигне под 100 илјади гласови на следните избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ