ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Стејт Департментот констатира оти Република Македонија е држава со ограничена независност на судството.

-Условите во затворите и притворите се сурови, нехумани и деградирачки. Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава. Притворањето на Митко Чавков со лажна службена белешка и измислени обвинувања, два дена пред изрекување на пресудата е преседан за правото. Притворањето и начинот на шиканирање во притвор на голем број граѓани е политички притисок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Кацарска судството и Русковска обвинителството е симбол на заробено правосудство, кое е само алатка на власта за извршување на политички нарачки.

-Денеска правосудството на Заев ќе изврши политички процес. Правосудството ќе ја изврши политичката нарачка, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Република Македонија има потреба од функционална правна држава, за тоа е потребно победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за победа над СДСМ.