Македонија заслужува промени, бидејќи никогаш не сме биле во потешка и подраматична состојба во нашата држава. Владее една неспособна и арогантна влада на ДУИ, со подизведувач СДС, која веќе 8 години ја турка земјата во провалија.

Сликата на оваа власт се тендери во четири очи, криминал, црни листи, корупција од најниско до највисоко ниво. Урнисана економија, сиромаштија и огромна инфлација, која зема се поголем замав.

24 април и 8 мај, се датумите кога народот ќе излезе масовно и организирано на избори. Не се гласа само за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ или ДУИ, се гласа за тоа дали ќе има промени или ќе остане оваа стагнација и назадување во сите сфери. Дали Македонија ќе има иднина или ќе имаме држава на колена без систем и вредности како сега. Промените ќе бидат толку големи колку што ќе биде победата голема и убедлива.

Одиме на огромна и јасна победа, обединети, заедно со народот, околу платформа која има иднина за Македонија, стои во соопштението на партијата.