Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите кои мислат поинаку. Нему му се погазени сите права и без никаква основа и докази беше политички обвинет од страна на клиентелистичкото обвинителство на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев и неговите послушници не ги интересираше ниту здравствената состојба, ниту семејството на Сенков. Ги интересираше само спроведувањето на наредбата за одмазда. Одговорност за ваквото однесување мора да има и ќе има. Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел. Вчера на носилка од судница беше изнесен и Александар Јанески – Тошта. Судот не го интересира ниту неговото здравје, ниту фактите на одбраната. Веќе една година живееме во целосно заробена држава. Станавме држава во која Заев иако флагрантно е фатен во кривично дело е ослободен само затоа што е премиер, а во исто време неговите политички противници се осудуваат без докази, само затоа што размислуваат различно од Зоран Заев, реагира најголемата опозициска партија.
Опозицијата потсетува дека помина една година на политички апсења и прогон во која е деградирано правото, а неправото, како што се вели, стана пракса.
– Една година СДСМ создава трулеж во општеството. Една година на тортура, апсења, упади и терор. Една година СДСМ е една година кошмар за граѓаните. Година во која народот се соочува со фактот дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо. Една година како нема повисоки плати, нема повисоки пензии и социјална помош, нема нови 600 километри автопат, ниту 550 километри магистрални патишта. Една година руинирано здравство и земјоделие во хаос. Заев и картелот кој го води го уништуваа животот на граѓаните, секој ден 365 дена во изминатава година, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата повикува овој хаос да запре.