Веќе е очигледно дека невладината организација на Бојан Јовановски Боки 13 била замешана во сомнителни трансакции со индиции за криминал, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Госпоѓата на која битолски градежен бизнисмен и дал 720 илјади евра за идеа за изградба на станови тврди дека сите пари и ги зеле од Меѓународниот сојуз на Боки, Ременски и Костадинов. Каде завршија тие пари? Дали функционерите на СДСМ му помогнале на Боки да изнуди 750 илјади евра и дали после му помогнале да и ги земе и на бабата? Внимавајте, невладина организација која што членува повеќе од половина од власта за наводна грижа на повозрасни граѓани, злоупотребува повозрасни госпоѓи и според сведочењата кои што ги слушнавме ја туркале во инвалидска количка за да може полесно да и ги земат парите. Но ова не е се. Во 2018-та градежна фирма од Струга на потпретседатлката на Сојузот на Боки 13, и исплатиле 233 илајди евра со авторски договор по слична основа како претходно битолската фирма на госпоѓата. Каде се овие пари? Како се потрошени? Дали функционерите на СДСМ добивале пари од овие скандалозни трансакции? Зошто не пријавиле доколку им било сомнително, запраша Стоилковски.
Обвинителството на Русковска, додаде тој, ако сака навистина да го расветли случајот со октоподот тогаш треба да ја испита работата на оваа невладина организација Меѓународен сојуз Скопје.
– Но таа тоа не го прави. Дали се плаши дека ако почне да чепка по работењето на организацијата на Боки 13 ќе дојде до функционери на СДСМ, па дури и до самиот Заев, за кој што Боки 13 тврдеше дека му дава директна поддршка и соработка? Каква поддршка во криминалното работење на Боки 13 и Меѓународниот Сојуз давал Зоран Заев или другите функционери на СДСМ вмрежени во Организацијата на Боки13? Рускоска додека се одмора можеби се брише некој нов комјутер, се форматира некој друг телефон , се влијае врз некој сведок или уште пострашно се рекетира некој нов бизнисмен. Боки 13 и Кичеец не биле сами, тие имале поддршка од власта, а од октоподот уште многу се на слобода, вклучително и главата на октоподот. Колку и да сака власта на Заев, скандалот со рекетарско-политичко-