Ковачевски е неспособен, инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40 %. За само година и половина цената на зејтинот која во 2020 година изнесувала 57 денари, сега е 98 денари, односно за над 46% повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека и во истиот овој период, платите не се зголемија ниту денар.

-Скок на цената има и кај млекото, истото во 2020 година се продавало за 45 денари за литар, а сега се продава А 55 денари за литар, што е над 20% покачување. Пензиите во овој период не се зголемија ниту денар.Голем раст на цените има и кај брашното. Килограм брашно во 2020 година чинел 34 денари, сега чини 47 денари, односно за скоро 40% повеќе. Во целиот овој период економијата не порасна, се наведува во соопштението.

Со СДСМ на власт, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, економијата само тоне.

-Цените на основните суровини во прехранбената индустрија се покачени, тоа предизвика покачување на сите други производи во чиј состав влегуваат истите.СДСМ ја предизвика и не ја спречи кризата. СДСМ мора да си замине и да има предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во соопштението на партијата.