Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?- прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција до власта. Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен.
Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.
Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.
Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.
Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ