Медиумите објавија дека Македонија загубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, не затоа што ЕУ не ги дала парите, туку затоа што Владата и институциите кои ги менаџираат кадрите од владиното мнозинство не ни аплицирале за овие пари.
Овие пари државава можеше да ги искористи за градба на инфраструктурни капитални проекти, патишта, железничко поврзување и редица други зафати кои на економијата ќе и донесеа свежи пари во услови на рецесија, ќе задржеа работни места.
Овие пари ги нема во државава затоа што администрацијата која ја менаџира Заев е неспособна да ги искористи. А, како би биле способни кога главната дејност на Владата е криминал, лаги и продажба на идентитетот.
Владата по принципот “лежи лебу да те јадам” нема да стигне никаде. Впрочем и парите на картичките за поткуп ќе завршат, а што потоа? Потоа, се разбира истиот филм од владата, час лаги, час занимавање со опозицијата и хајки, час продажба на идентитет. На тој филм народот ќе му стави крај. Затоа што работите вријат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ