Македонија се гуши. Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3,4 пати над нормалата.
Ова се истакнува во денешнара реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека некој ги брои парите, некој ги брои болните. Зоран Заев викаше ајро, ајро нема воздух. Дојде на власт, три години ништо не направи. Не само што нема воздух, и тој што го имаше го снема. Дека главен загадувач се фабриките на олигарсите на Заев доказ се и мерењата на станиците кои покажуваат концентрација на ПМ10 честички во воздухот петнаесет пати над дозволеното во раните утрински часови. Кога нема возила, ниту пак чад од домаќинствата. Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија. Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, а ништо подобро не се ни Струмица, Куманово, Тетово, Битола и Кавадарци. Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине, се вели во соопштението.