ВМРО-ДПМНЕ ја назначи Марија Митева за нова портпаролка на партијата, покрај досегашните Димче Арсовски и Наум Стоилковски.
Одлуката е донесена на последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Марија Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.