Одлична вест е дека италијанскиот парламент даде зелено светло за обновување на Договорот за одбранбена соработка меѓу двете земји, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е во посета на Италија.

– Во италијанскиот Сенат се сретнав со претседателката на Комисијата за одбрана, Роберта Пиноти. Одлична вест е дека италијанскиот парламент даде зелено светло за обновување на Договорот за одбранбена соработка меѓу двете земји и тоа, за прв пат, документот е на неограничено време. Силна поддршка од Пиноти и за почеток на преговори со ЕУ, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.