На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ која МИА ја пренесува интегрално, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува.

Системот се менува, а институциите си ја вршат работата.

Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари.

Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работата, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка.

На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ