Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое натаму се вели:

– СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата. Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата. Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните. Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани. Медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема. Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17% од заразените се медицински лица. Власта наместо да смислува нови начини како да им земе, нека почне да им дава на граѓаните и бизнисот. Уште денес, се вели во соопштението.