Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наместо да ги решава проблемите на граѓаните, создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот, критикува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
Скопје е нечисто како никогаш до сега. Се скара со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација. Се скара со синдикатот на ЈСП. Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари.
Единствено со кого не се скара е со СДС. Оддеднаш заборави на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на СДС. Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата.
Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Аросовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните, истакнува партијата.