Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот.

Еуростандард Банка е 200 милиони евра тежок скандал, а Заев човекот кој не спречи пропаѓање на банка кој сега не може да биде дел од решението. Јавноста очекува одговори која е таа струмичка компанија блиска до власта која добивала кредити без покритие од банката? Како се користени тие пари? Каде завршувале и зошто нема одговорност за министерката на Заев Нина Ангеловска која пред време си ги извлекла парите?

Потребна е кривична одговорност за министрите и раководителите на институции директно одговорни за аферата? Потребна е одговорност што стотици луѓе остануваат без работа и над 100 илјади луѓе со блокирани сметки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ