Со сведочење на полициски службеник кој учествувал во истражната постапка против обвинетите, денеска треба да продолжи судскиот процес за петкраното убиство кај Смилковско Езеро.

На претходните рочишта, сведочеа поранешни и актуелни полициски службеници по однос на увидот на местото Враживир, каде во 13 април 2012 беше пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковско Езеро, еден ден претходно, односно на 12 април.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.