Нема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.

СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта.

Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира.

Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир.

Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори.

Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта.

Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот.

Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата.

На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ