СДСМ со својата влада единствено ќе донесе повеќе криминал и сиромаштија. СДСМ со својата нова влада не ветува подобар живот за граѓаните, единствено подобар живот ќе има за бизнисите на семејството Заеви. Црните биланси од неспособноста и неодговорноста на оваа криминогена власт на Заев се гледаат и во економијата.

Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ за предложената нова влада на мандатарот Зоран Заев

– За три месеци генерираа една милијарда нов долг, а од тоа нема никаков ефект. Нема капитални инвестиции и стопанството тоне. Невработеноста е зголемена за нови 36 илјади невработени лица. Просечната плата во април во споредба со февруари беше помала за 1.367 денари, а скоро 30 илјади лица не земаат редовно плата. Власта на Заев посегна по поскапување на струјата за 7,5%, со цел да ги покрие матните тендери кои фирмите блиски на Заеви ги земале од енергетските компании. Македонија е единствената земја во која пропадна една банка. Во овој скандал тежок скоро 200 милиони евра најмногу настрадаа граѓаните. Близу 100.000 сметки останаа блокирани, а 40.000 пензионери нема да ја земат редовно својата пензија. Поради лошите политики на СДСМ и Заев, Македонија е земја во која 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а кланот на Заеви се богати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.