Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихаќка, Венко Филипче.

Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.

Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја преземат приватната болница Жан Митрев.

Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.

Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.

Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.

Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.

Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?

Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?

Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.

После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.

ЈО да не молчи. ЈО веднаш да го истражи случајот. Одговорност и правда мора да има.“