Согласно податоците на Државниот завод за статистика, нето платите во Република Македонија за периодот јануари – ноември 2019 година забележаа раст од скромни 3,8%. Доколку направиме споредба со земјите во регионот, ќе забележиме дека стапката на раст во нашата земја е најниска во регионот. Како што е презентирано на графиконот, стапката на раст на платите во Србија за периодот јануари-ноември 2019 година изнесува цели 10%, а во Бугарија и повеќе од 10%. Платите растат со најсилно темпо во Романија, пишува на Фејсбук Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ, континуирано се фали со растот на платите во Република Македонија. Шири лажни вести. Но платата во РМ расте со пониска стапка и од Словенија, каде просечните нето плати се три пати повисоки.

Легитимно е прашањето дали со проектите за субвенционирање на минималната плата (кој доживеа неуспех), како и со проектот за финансирање на порастот на платите (без никаква анализа на продуктивноста и одржливоста) каде отидоа сите овие пари ? Капитални инвестиции нема, платите растат со најниско темпо, извозот во последниот квартал од 2019 година се намалува……

Владата на СДСМ навистина е едно големо разочарување