„Ем шуто ем боде”, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија.
Бидејќи така со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање.
Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда.
Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев.
Срамно е што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија.
Ковчевски и СДСМ се срам за Македонија.
Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија.
Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно СДСМ соопшти дека „иронијата и сарказмот на Рама се добро познати, но не се насочени кон нашата земја“.
Кабинетот на Рама, пак, соопшти дека премиррот на Албанија бил ироничен кон Бугарија и кон ЕУ.