“Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република … Македонија, Димитар Ковачевски, утре (недела), 12.06.2022 година ќе предводи делегација на Владата на Република … Македонија којашто во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј.

Претседателот на Владата на … Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света Литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на … Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.“

Ова е владиното соопштение за утрешниот пат на премирот Ковачевски во кое се вели дека тој „ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј.“

Како што е познато, за всеенсиот партијарх Вартолемеј и за Вселенската патријаршија, МПЦ – ОА не постои, туку само ОА која допрва ќе бид еоспорена од Бугарите, па согласо на тоа, во документите не стои дека г.г. Стефан е поглавар на МПЦ-ОА, туку само на ОА. Така што ова е класична лажна вест од Владата со цел да се покрие бришењето на името „МПЦ“, иако ан крјаот од соопштението се призанава дека “во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви“.