Бајруш Сејдиу на слобода, а пратеници, актери и режисери во притвор. Убијците од Монструм на слобода, а патриоти се гонат за измислени дела. Вака функционира правдата во Македонија денес. Ова не е правда, туку неправда која е политички диригирана. Овој филм веќе сме го гледале од Заев.
Ова се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
– Освен што се амнестираше себе си, преку судот успеа да ослободи над 800 криминалци кои требаше да му одработат за локалните избори. Сега го ослободува Бајруш Сејдиу во надеж дека со страв и закани ќе ги присили граѓаните да ја поддржат неговата капитулација. СДСМ со еден потпис се откажа од името, јазикот, идентитетот и македонското малцинство во соседството. Со други зборови се откажа од се што е македонско. ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да го прифати капитулантското дело наречено договор за промена на вековното име. Прашањето за името е национално, државно прашање кое не може да го реши политичар кој има црни петна и под уцена прифаќа буквално се без разлика колку е штетно за Македонија, се истакнува во соопшрението.
Договорот со Грција, се додава натаму, е капитулација која е целосно спротивна на националните и државните интереси, а спротивно на тврдењата на СДСМ наместо да го отвара патот кон македонските евроатлански интеграции во иднина на Грција ќе и овозоможи правна рамка да ја блокира Македонија во исполнување на нејзините стратешки цели.
– Заев уште еднаш го покажа својот кукавичлук и побегна од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што побегна од граѓаните кога на своја рака одлучи да спроведе консултативен референдум. Иако устата му беше полна со дебата, Заев уште еднаш ги излажа граѓаните и како што избега од соочувањето со граѓаните на референдумот така сега избега и од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Картелот на власт чиј единствен интерес е богатење на грбот на граѓаните преку криминални тендери и грантови сега се служи со удбашки методи да ги заплашува граѓаните и спроведува политички терор. Граѓаните имаат доволна политичка зрелост да се надмине ова зло кое и се случува на државата, олицетворено во владата на СДСМ и на крај Македонија ќе победи, соопшти ВМРО – ДПМНЕ.